Со четири чекори до дозвола за градење

Bez autora
Feb 07 2011

Граѓаните во три чекори ќе можат да извадат дозвола за изградба на куќа, а на инвеститорите ќе им требаат четири чекори ако сакаат да почнат со изградба на индустриски или стопански објект. Ова е предвидено со предлог-законските решенија кои Владата ги усвои на последната седница, а со кои се изменуваат: Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за земјоделско земјиште, Законот за санитарна и здравствена инспекција, Законот за заштита и спасување и Законот за заштита на културното наследство. Овие измени премиерот Никола Груевски ги нарече реформски, бидејќи им се излегува во пресрет на барањата на граѓаните и компаниите, се овозможува поголема градежна експанзија и изградба, односно се создаваат услови за зголемување на инвестициите во градежништвото.

Со четири чекори до дозвола за градењеГраѓаните во три чекори ќе можат да извадат дозвола за изградба на куќа, а на инвеститорите ќе им требаат четири чекори ако сакаат да почнат со изградба на индустриски или стопански објект.

Ова е предвидено со предлог-законските решенија кои Владата ги усвои на последната седница, а со кои се изменуваат: Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за земјоделско земјиште, Законот за санитарна и здравствена инспекција, Законот за заштита и спасување и Законот за заштита на културното наследство. Овие измени премиерот Никола Груевски ги нарече реформски, бидејќи им се излегува во пресрет на барањата на граѓаните и компаниите, се овозможува поголема градежна експанзија и изградба, односно се создаваат услови за зголемување на инвестициите во градежништвото.

-Со промените во овие закони драстично се намалува постапката, времетраењето и трошоците за издавање на одобренија за градење. Во сегашните законски решенија за да се извади градежна дозвола, потребно е да се завршат 21 чекор. Сега со измените, ќе бидат потребни само три чекори за куќи и четири чекори за стопански (индустриски) објекти - рече Груевски образложувајќи ги предложените измени при што нагласи дека при подготовката на оваа реформа Владата се водела од примерот на Данска, која според последниот извештај "Дуинг бизнис" на Светска банка е најдобро рангирана европска земја во делот на издавање градежни одобренија.

- Во Данска целата постапка за издавање на одобренија за градење има шест чекори. Ние предлагаме во Македонија тоа да се сведе на најмногу четири и со тоа да бидеме први во Европа во оваа сфера - вели премиерот Груевски.

Времето за чекање сега се намалува од сегашните 146 дена во просек, на 30 дена во просек. Се намалува и надоместокот за комуналии за изградба на стопански објекти на само 5 проценти од сегашната цена.

- Значи секој оној кој во иднина ќе гради фабрика или друг или стопански објект ќе плаќа само 5 отсто од вредноста на комуналиите кои се плаќаат сега. Тоа е драстично намалување за делот на индустријата и стопанството - нагласи Груевски.

Со законските измени се предвидува укинување на одобрението за локациски услови, а самото тоа и изготвувањето на идеен проект, што во голема мерка ќе придонесе кон скратување на трошоците и времето за чекање. Понатаму, се предлага укинување на двојниот надзор, а тоа значи дека документацијата ќе се доставува на едно место и при тоа странките нема да обезбедуваат било какви дополнителни согласности. Соодветните мислења, надлежните институции ќе мора да ги достават не подоцна од 5 дена, а доколку не ги достават ќе важи правилото "молчењето е одобрување". По тој рок, мислењето ќе се смета за позитивно, а органите што не одговориле ќе одговараат за евентуална штета.

Се укинува плаќањето на надомест при трансформација на земјоделско земјиште во градежно. Се допрецизира постапката за пренамена на земјоделско земјиште во градежно, при што се овозможува поголема либерализација. Се пропишува многу едноставна постапка за изградба на оранжерии, помошни објекти и фарми на земјоделско земјиште, што со постојните законски решенија практично беше невозможно. Понатаму, со измените се предлага воопшто да не се бара Елаборат за влијание на животната средина за објекти кои се со намена домување или комерцијална намена. Со измените драстично се зголемува одговорноста на службените лица. Се продолжува важноста на одобрението за градење на 2 години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik